4web

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Што се ми обезбедува 4web.mk

Добивате целосен сет на средства/алатки што се неопходни за успешен дигитален маркетинг на Вашата компанија: 

  • напредна веб страна со респонзивен дизајн за десктоп и мобилни уреди, што е најсоодветна за карактеристиките на бизнисот, и оптимизирана за што подобри резултати на Google пребарувања (SEO);
  • управување со Вашите страни/профили на социјални мрежи (Facebook, LinkedIn, Twitter) – планирање/објавување на постови и поврзување на содржините и информациите од веб страната;
  • CRM систем за менаџирање на сите контакти од Вашите клиенти (добиени од веб страната, на емаил или преку Facebook) на едно место;
  • емаил маркетинг со кој директно се промовирате до Вашите постоечки или потенцијални клиенти (контакти од CRM системот);
  • опции за стимулирање на продажба – онлајн резервации, нарачки и прашања (Engagement Buttons) преку Вашата веб/Facebook страна;
  • анализа на резултати – следење на посети на веб страната и страни/профили на социјални мрежи (Google My Business, Facebook), број на контакти од клиенти, ефекти од емаил кампањи, и оценка од клиентите.

За повеќе детали за секое од наведените средства прегледајте ги прашањата подолу.

Користењето е едноставно. Прво, го избирате пакетот на услуги што одговара на Вашиот бизнис – повеќе информации најдете тука. Потоа добивате InOne апликација што може да ја користите на секаков тип на уред (десктоп компјутер, лаптоп или смарт телефон), во секое време, и на секое место. Потребен Ви е само компјутер/мобилен и интернет. Тимот на 4web ќе Ви обезбеди обука за користење на апликацијата, односно целиот InOne систем. И веднаш Ви се овозможуваат сите услуги.

Нема никакви ограничувања – сите услуги и можности на InOne ги користите и преку компјутер и преку смарт мобилен телефон. Во моментов може да користите секој модел на Android мобилен.

Креирање и одржување на веб страна

4web Ви обезбедува веќе подготвена структура на веб страната, со напредни темплејти што се прилагодени за различни типови на бизниси. Тимот на InOne Ви обезбедува целосен консалтинг, обука и техничка помош при дизајнирањето. Прво, Ви помага при избор на темплејтот и структура на веб сајтот. Потоа Ве советува за поединечни елементи и материјали (текст, слики и видеа). На крај, ја креира Вашата веб страна откога ќе ги доставите материјалите.

Домеинот е Ваша сопственост и треба да го купите ако го немате. Домеини се закупуваат преку годишни износи – домашните домеини чинат околу 800 ден. за првата година, и околу 600 ден. годишно за следниот период. Тоа вклучува и емаил адреси со компанискиот домеин. 4web не Ви обезбедува домеин, но хостингот е вклучен во вкупната услуга и за него немате дополнителни трошоци.

Да, Вашата веб страна може да ја менувате во секое време со нови и дополнителни информации. Всушност динамичните промени се потребни за да го задржите интересот на посетителите – затоа 4web ви е секогаш на располагање за модификации, а тимот Ви обезбедува ажурирање до 4 пати годишно.

Менувањето е лесно – заедно со InOne тимот преку апликацијата само ја заменувате содржината (пр. промена во текстот) или додавате нова (пр. галерија со слики).

Дизајнот на вашиот сајт со InOne содржи SEO, односно сите потребни елементи за да добиете што подобар резултат на Google листингот. Точниот ранг на резултатот (место на листата) зависи од различни фактори, но SEO е еден од главните.

Вашата веб страна ќе содржи една или повеќе страници со секции што содржат текст и слика. Останати слики и видеа (на пр. од Вашите главни производи) се дел од галерии – до 50 слики и 2 видеа, во зависност од пакетот на InOne услуги (повеќе).

Со InOne имате голем избор на фонтови што се најадекватни за напреден дизајн на веб страна. Веројатно и конкретниот фонт што Ви е потребен, но сигурно мошне сличен на него.

Содржината на веб страната е ограничена на број на страници – од 1 до 10, а една од нив секако може да биде во форма на блог. Добивате и до две мапи на кои можете да одбележите само една локација. Конкретните опции зависат од InOne пакетот кој го користите (повеќе).

Не, целосно не ја менувате страната туку само ги префрлувате постоечките содржини (текст, слика, видео) во темплејт што најмногу Ви одговара. Секако, притоа добивате и нови елементи (пр. опции за стимулирање на продажба, галерија на слики, мапа со ваша локација и др.), а постоечките може да ги модифицирате. Со овие промени добивате пофункционална веб страна, која далеку поефектно го промовира Вашиот бизнис кон посетителите. Тимот на InOne ќе го направи промените на Вашата постоечка веб страна како дел од услугите.

Управување со социјални медиуми

Вашата страна/профил на Facebook (или останати социјални мрежи како LinkedIn или Twitter) треба самите да ги отворите, а материјалите за останатите InOne услуги ги користите и таму. На пр. дел од дизајнот на првата страница (home page) од Вашата веб страната е целосно ускладен со дизајнот што ви треба за Facebook профилот.

Основните информации автоматски се менуваат – на пр. адреса, контакт тел./емаил, лице за контакт и сл. Секако, поставувате и линкови до делови од веб страната. Постовите и рекламите самите одделно ги објавувате, а лесно може да искористите и одредени содржини од веб страната (на пр. секција за претставување на производи, секција за постови, мапа со локација, итн.)

Да, можете да ги задржите линковите во постовите, но тие ќе водат кон соодветните секции од новата веб страна. Со тимот на InOne ќе ги одредите постовите со такви линкови, а тие ќе го заменат поврзувањето кон Вашата нова страна.

Да, Вашата InOne апликација и сметка (account), односно веб страна е интегрирана со тие мрежи на истиот начин како со Facebook.

Како ги користам услугите на 4web?

Условите се едноставни – со InOne склучувате годишни договори за користење на еден од 3-те пакети на услуги (повеќе), што го обновувате секоја година. Сите услуги предвидени со пакетот ви стојат на располагање во секое време, а Вие ги користите согласно на динамиката што самите ја одредувате.

Договорите секогаш се склучуваат годишно. По истекот на времетраeње не сте обрзани на автоматско продолжување или какви било дополнителни трошоци. Ако не го обновите годишниот договор немате пристап до услугите/алатките за дигитален маркетинг од пакетот на InOne. Во тој случај Вашата веб страна ќе биде активна уште еден месец а потоа InOne услугите целосно се исклучуваат- од тогаш веб страната не е видлива на Вашиот домеин. За времетраење на договорот во секое време може да ги превземете сите податоци од Вашиот InOne акаунт (материјали, контакти и сл.).

Договорот Ви ги обезбедува сите услуги во текот на целата година и не предвидува менување на условите при предвремено раскинување. Определен е на годишно ниво бидејќи тоа е неопходно време за да ги добиете посакуваните резултати – впрочем самиот дигитален маркетинг е долгорочна активност.

Каква е поддршката од тимот на 4web?

InOne се обврзува дека ќе Ви ги овозможи сите услуги вклучени во пакетот што го користите (повеќе), навремено и професионално за цело времетраење на договорот за користење на услугите (повеќе). Техничката поддршка вклучува и консалтинг и обука за максимално да ги искористите сите можности и услуги на InOne, и тоа на почетокот и (по потреба) во текот на соработката.

Вашиот акаунт менаџер од тимот на InOne во тек на еден ден ќе Ве извести за проценка на потребно време за да се направат промените. Тимот се обврзува да ги направи во најкус можен рок.

Ни испраќате емаил порака на contact@inone.mk со кратко објаснување за техничкиот проблем и во тек на следниот работен ден ќе Ве контактираме за решение. Ако користите Basic или Advance пакет со кој добивате и акаунт менаџер, истиот може да го контактирате и телефонски во работно време 
(8-16 h).